Скопје, 11 ноември, 2022 - Дводневна регионална работилница на која се дискутира за актуелните состојби во доменот на сеопфатното сексуално образование со учество на претставници на национални институции, наставници, граѓански здруженија, млади и на УНФПА од регионот, започна денеска во Скопје.
Теми на работилницата, во организација на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, се поддршка на младите во процесот на сексуалното образование, градење на капацитети кај наставниците и соработка со институциите во оваа област. Учесници од Северна Македонија, Косово (UNSCR1244), Албанија, Србија и Босна и Херцеговина имаат шанса да ги споделат своите искуства за тоа како младите се стекнуваат со знаење, вештини, однесување и вредности што ќе би им овозможиле подобро здравје, благосостојба но и здрави социјални и сексуални врски.
Учесниците на настанот ќе ги разгледуваат можностите и научените лекции од примената на сеопфатното сексуално образование, во и вон училиште, во земјите во регионот но и од глобалните практики. Иако спроведувањето на ова образование се разликува во земјите од регионот, учесниците истакнаа дека во последните години може да се забележи прогрес.