You are here

Скопје, 8 мај - Членовите на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија неодамна учествуваа на еден од најголемите спортски настани во државата, Скопскиот маратон 2019.

На 4-ти мај, тимот на УНФПА учествуваше во трката со брендирани ICPD25 и UNFPA маички и знаци. Специфичната порака за оваа година беше инклузивност бидејќи на тимот му се приклучи и популарен активист со Даунов синдром.

„Трчавме за да обезбедиме права и избор за сите! Трчавме за Забрзување на ветувањето и за Еднаквост и Достоинство“, изјави вршителот на должност и тим лидер Афродита Шаља. „Ова поради тоа што веруваме во тоа што го правиме и го правиме со страст“.

Околу 60 држави учествуваа на Скопскиот маратон што се одржа по 15-ти пат. Трката првпат се одржа во 1997 година по што запре неколку години и повторно почна да се одржува во 2007 година. Годинава, на Скопскиот маратон учествуваа околу 12 илјади лица во три главни трки.

„Бев воодушевен што сум дел од тимот особено во годината што е навистина важна за нашите цели, годината што означува 50 години од УНФПА и 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој“, изјави Александар Матовски (Цако), познат активист за одбрана на правата на лицата со посебни потреби особено нивните сексуални и репродуктивни права.

Тимот на УНФПА Северна Македонија - Скопски маратон, 2019  ©UNFPA MK