Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА се приклучи на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

УНФПА се приклучи на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Вести

УНФПА се приклучи на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

calendar_today 10 December 2023

УНФПА се приклучи на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“
УНФПА се приклучи на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Скопје, 25 ноември/10 декември 2023 година – Со изведба на театарската претстава „Работи за кои не зборуваме“, на Wonderland Theatre, во режија на Нела Витошевиќ, на 25.ноември започна кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, годинава под мотото „Охрабрена и заштитена“, што трае до 10.декември.

Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и семејството на Обединетите нации ги здружија силите за да ја подигнат свеста за долгорочното нарушување на општеството предизвикано од родово базирано насилство.

Во текот на 16 дена активизам се организираа и други настани, меѓу кои театарски претстави, дискусии во заедници, концерти, изложби и панел дискусии.

УНФПА, во рамки на кампањата, организираше неколку настани со младите во заедницата во општините Гостивар, Битола и Велес, во присуство на млади, претставници на општината, на ООН и на ЕУ, како и на невладините организации што им даваат помош на жртвите од родово базирано насилство каде се дискутираше за тоа што е родово базирано насилство, како може да се превенира особено меѓу младите и како да се мотивираат младите за меѓусебна поддршка и помош.

Исто така, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и поддршка на Британската амбасада во Скопје, се одржаа локални настани уште во неколку општини меѓу кои Скопје, Неготино, Велес и Битола, каде се разговараше за помош и поддршката на жртвите на родово-базираното насилство, одговорноста и надлежностите на институциите, препознавање на видовите на насилство и моќта на колективниот ангажман за постигнување родова еднаквост, како и напуштање на штетните социјални норми. Во кампањата, насловена „Сложувалка”, како говорници учествуваа претставници на Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи и претставници на повеќе граѓански и меѓународни организации и на Центри за социјална работа.

Дополнително, УНФПА, со поддршка на Британската амбасада во Скопје, продолжи со спроведување на кампањата „Има помош за живот без насилство” што континуирано се одвива во текот на целата година.