Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА со младински иницијативи и медиумска промоција за соработка меѓу младите

УНФПА со младински иницијативи и медиумска промоција за соработка меѓу младите

News

УНФПА со младински иницијативи и медиумска промоција за соработка меѓу младите

calendar_today 25 March 2024

Над 30 млади учесници од девет општини во Северна Македонија се приклучија на кампот во Охрид, од 28 февруари до 2 март, 2024 го
Над 30 млади учесници од девет општини во Северна Македонија се приклучија на кампот во Охрид, од 28 февруари до 2 март, 2024 година

Велес/Охрид/Маврово, февруари/март 2024 година – Над 30 млади учесници од девет општини во Северна Македонија се приклучија на кампот во Охрид, од 28 февруари до 2 март, за да развијат иницијативи кои промовираат меѓукултурен дијалог меѓу младите. Учесниците ги зајакнаа своите капацитети за создавање решенија и партнерства специфични за заедницата.

Идеите на младите вклучуваа волонтерски можности за младите, што ќе им даде поголем глас во општините, правна обука за учество во одлучувањето, хакатон за технологија, дизајн и развој на бизнисот, инклузивност на младите со попреченост, соработка на младите преку улична уметност и обединување на младите околу кампањи за рециклирање пластика. Преку кампот и заедничката работа, младите од различни култури и заедници градат доверба. Иницијативите придонесуваат за создавање позитивни наративи за различност, вклучување и поттикнување на интеракција меѓу групите во заедницата.

Обука за обучувачи на напредно ниво кај млади на теми поврзани со поттикнување конструктивни наративи, соработка, меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и доверба, се одржа од 18-22 февруари во Велес.

По вкупно 14 сесии, напредни теоретски предавања, интерактивни вежби и работа во групи, учесниците успешно ги унапредија своите знаења и вештини како врснички едукатори. За време на четиридневната обука, во фокус беа теми поврзани со идентитет, култура и меѓукултурен дијалог, конфликти, мир и помирување и младински активизам.

Дополнително, учесниците ги продлабочија своите знаења за менторирање односно правилно давање повратна информација и вредно работеа на планирање на претстојните работилници кои ќе ги спроведуваат на локално ниво.

Истовремено, од 7 до 10 март, во Маврово се одржа креативна обука - BootCamp за изработка на медиумски производи каде учествуваа 15 млади креативци од Велес, Струга, Охрид, Битола и Гостивар.

Преку теоретски предавања и практични вежби, учесниците се стекнаа со знаења и вештини за основите на новинарска сторија, истражувачко новинарство, продукција на аудио и видео стории како и монтирање на видео и аудио снимки и подготовка на видео и аудио прилози. Дополнително, тие се запознаа со техниките на снимање на новинарска фотографија како прилог кон новинарските стории.

Со поддршка од менторите, учесниците поделени во групи, работеа на изработка на стории поврзани со потребите и предизвиците со кои младите се соочуваат на локално ниво. За време на обуката се утврдија и темите на медиумските производи на кои ќе продолжат да работат во следниот период.

Еден од серијата објавени медиумски производи, поткасти, е и поткастот каде дискутираат активистките Сара Миленковска, ко-основачка на мрежата „Стела“ и истражувачка за родови прашања и политики и Рита Бехадини, ко-основачка на Центарот за еднакви можности „Бубамара“. Разговорот се фокусира на позитивни промени во области коишто се однесуваат на интернет насилството односно сајбер булингот, како и на прашања поврзани со родовата еднаквост и градењето на доверба преку конструктивни наративи.

Сите активности се организираат во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, што Младински образовен форум го спроведува во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА.