Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА со поддршка на употребата на административни податоци за миграциски статистики

УНФПА со поддршка на употребата на административни податоци за миграциски статистики

News

УНФПА со поддршка на употребата на административни податоци за миграциски статистики

calendar_today 26 October 2022

Претставници на УНФПА и на националните институции на средбата на експерти за статистики во Женева - фотографија на УНФПА
Претставници на УНФПА и на националните институции на средбата на експерти за статистики во Женева - фотографија на УНФПА

Женева, 26 октомври 2022 - Подобрување на употребата на административни податоци за миграциски статистики и употреба на нови извори на податоци за мерење на миграциските статистики, се главните теми на кои денеска во Женева разговараат претставници на национални статистички институции од 13 држави, меѓу кои и на Државниот завод за статистика, со поддршка на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија.

Оваа средба на група експерти за миграциски статистики ќе послужи како платформа на институциите за статистика да разменат искуства и да ги зголемат знаењата поврзани со собирање, продуцирање и дисеминација на статистики за миграција.

Настанот е во организација на Комисијата за економски прашања на ООН за Европа (УНЕЦЕ), а учествуваат претставници од националните статистички институции на Република Северна Македонија, САД, Англија, Полска, Киргистан, Албанија, Луксембург, Италија, Азербејџан, Норвешка, Литванија, Русија и Шведска.