Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА ја започна кампањата „Има помош за живот без насилство“

УНФПА ја започна кампањата „Има помош за живот без насилство“

News

УНФПА ја започна кампањата „Има помош за живот без насилство“

calendar_today 18 July 2022

Средба во локалната заедница во општина Шуто Оризари за промоција на услугите за семејно насилство.
Средба во локалната заедница во општина Шуто Оризари за промоција на услугите за семејно насилство и родово базирано насилство. Фото: УНФПА Северна Македонија

Скопје, 18 јули 2022 – Кампањата „Има помош за живот без насилство”, со која ќе се промовираат услугите што им се на располагање на жените и девојчињата жртви на семејно и родово базирано насилство, започна на 18 јули со средба со жителите на општина Шуто Оризари, прв од серијата настани што ќе се одржат во локалните заедници во наредниот период.

Кампањата е во рамки на проектот “Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија” што го спроведува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и финансиска поддршка на британската Амбасада во Скопје.

Настанот во Шуто Оризари ги претстави претставниците на институциите од локалната заедница – Центарот за социјални работи, Министерството за внатрешни работи и од невладиниот сектор, кои ги презентираа услугите, споделуваа искуства и ги охрабрија присутните да пријавуваат семејно насилство.

Како социјална работничка, забележав дека постојат невидливи ѕидови кои треба да се срушат за да се излезе од темнината на семејното насилство. За почеток, можеме да ги срушиме тие ѕидови со разговор - со сестрата, пријателката, сосетката”, изјави во обраќањето Јасмина Зеќир, социјална работничка во Центарот за социјални работи во Шуто Оризари.

По неа зборуваше и Ристо Јоановски, главниот инспектор во Секторот за внатрешни работи во локалната полициска станица, кој посочи декадоколку сте сведоци на насилство или самите трпите насилство, полицијата е тука за вас. Пријавете и ние ќе постапуваме по вашата пријава.”

Освен настани во локалната заедница, кампањата ќе опфати и промоција на видео материјали на социјални медиуми како и на националните ТВ медиуми, соработка со видни личности во заедницата, организирање на средби со религиозните лидери и други комуникациски активности.

Проекот има за цел да ја поддржи Владата и соодветните институции да ги имплементираат и спроведуваат интегрираните политики за родово базирано насилство во согласност со принципите на Истанбулската Конвенција.