Go Back Go Back
Go Back Go Back

Учесниците на Конференцијата на УНФПА велат дека добро дизајнираните семејни политики се клучни за справување со демографските проблеми во Европа

Учесниците на Конференцијата на УНФПА велат дека добро дизајнираните семејни политики се клучни за справување со демографските проблеми во Европа

Соопштение за јавност

Учесниците на Конференцијата на УНФПА велат дека добро дизајнираните семејни политики се клучни за справување со демографските проблеми во Европа

calendar_today 22 September 2022

Конференција „Проширување на изборите“ - Истанбул, Турција Фотографија: УНФПА  EECARO
Конференција „Проширување на изборите“ - Истанбул, Турција Фотографија: УНФПА EECARO

ИСТАНБУЛ, 22 септември 2022 година – Денес во Истанбул, на отворањето на Конференцијата на високо ниво организирана од УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации, учесниците изјавија дека добро дизајнираните семејните политики од коишто имаат корист и жените и мажите се клучниот елемент на секој успешен одговор на демографските предизвици со кои се соочува Европа.

„Време е да се урнат бариерите што ги спречуваат жените и мажите да имаат кариера и да имаат онолку деца колку што тие сакаат“, рече Флоренс Бауер, директорка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и за Централна Азија.

„Со семејните политики, на жените и мажите им се олеснува исполнувањето на домашните обврски и на обврските на работа. Тие се корисни за вработените родители, за компаниите, за економијата и за општеството во целина“.

Ширум Европа од жените сè уште се очекува да преземат голем дел од неплатената нега и работа во домаќинството. Со ова на жените им се отежнува вработувањето и основањето семејство. Најчесто, тие  сè уште треба да бираат помеѓу кариерата и раѓањето деца. Некои жени никогаш не се вклучуваат на пазарот на трудот или пак, се откажуваат кога имаат деца. Во Источна Европа, уделот на жените на пазарот на трудот е особено низок, генерално под 50 проценти. На оние што влегуваат и остануваат на пазарот на трудот честопати им е тешко доколку сакаат да основаат семејство  и најчесто имаат помалку деца отколку што би сакале или воопшто немаат.

Флоренс Бауер - Регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија

„Со семејните политики може да им се овозможи на луѓето да имаат онолку деца колку што сакаат и да им се олесни на жените да се приклучат на пазарот на трудот – и овие две нешта се пожелни од индивидуалната перспектива за човековите права, а исто така и затоа што помагаат да се ублажат ефектите од демографските промени во земјите “, рече г-ѓа Бауер. „Но, за да го имаат овој ефект, семејните политики  треба да одговорат на потребите на жените и да ја имаат предвид различноста на модерните семејства“.

Владите и приватниот сектор имаат клучна улога за воведувањето на семејните политики. Во семејните политики се вклучени добро платеното родителско отсуство за жените и мажите, надоместоците за нега и антидискриминациското законодавство што ги штити бремените жени, како и аранжманите за флексибилно работно време на вработените, посебните простори на работното место за доилките и установите за нега на малите деца.

Бизнисите имаат корист од воведувањето на семејните политики, поради зголемувањето на моралот на персоналот и намалувањето на стапката на отсуство, поради обртот на вработените и трошоците за регрутирање, а сето тоа носи поголема продуктивност и поголеми приходи.

На Конференцијата, што се одржа во рамките на програмата „Проширување на изборите“ на УНФПА, финансирана од Австриската агенција за развој (АДА) учествуваа околу 100 лидери на бизниси и на влади од цела Источна Европа и Централна Азија

Поврзана содржина