Go Back Go Back
Go Back Go Back

„Од знаење и ангажман – до јакнење и учество” – заеднички проект на УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП

„Од знаење и ангажман – до јакнење и учество” – заеднички проект на УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП

Вести

„Од знаење и ангажман – до јакнење и учество” – заеднички проект на УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП

calendar_today 16 December 2022

Активности во заедничкиот проект на УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП
Активности во заедничкиот проект на УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП

Скопје, 15 декември 2022 -  Во рамки на заедничкиот проект на трите УН агенции - УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП, „Од знаење и ангажман – до јакнење и учество”, финансиран од мулти партнерскиот фонд за доверба на УНПРПД, каде лидерска позиција ја има агенцијата УНФПА, изминатиот период интензивно се работеше на предвидените активности за 2022 година.      

Активностите предвидоа организирање на работни состаноци со партнерите МАГО, Македонска асоцијација на гинеколози и опстетичари, а беа ангажирани и консултантки кои работеа на ревидирање на постоечките материјали за обука и сензибилизирање на медицински персонал, вработени лица во повеќе приемни точки на жртви на родово базирано насилство за лица со попреченост, како и лица со попреченост. Покрај ова, спроведена е и ревизија и унапредување на материјалите за сексуално и репродуктивно здравје за лица со попреченост.     

Според динамиката утврдена во проектниот документ, се одржаа и состаноци на техничката работна група и на управниот одбор каде се дискутираше за испитување на пристапноста на основните услуги за родово базирано насилство / семејно насилство(РБН/СН) на национално ниво(мапирање и проценка на давателите на основни услуги за РБН/СН.

Во делот со активностите со лица со попреченост, УНФПА беше активно вклучена и во други национални процеси од особен интерес за оваа категорија на граѓани, а тоа се Националната стратегија за лица со попреченост и Националната стратегија за млади. Покрај експертизата која беше дадена, се работеше на поттикнување на партиципативност на лицата со попреченост во самите процеси, како би биле сигурни дека конкретните потреби и размислувања ќе бидат слушнати и имплементирани во градењето на политиките и унапредувањето на правата на национално ниво. Во делот на промоцијата на овие важни документи, остварени беа директни средби со челните лица на државата, меѓу кои со претседателот на државата, Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. Со ова јасно ја покажуваме нашата тенденција за унапредување на правата на лицата со попреченост како и актуелизација на прашањето за попреченост утврдена со принципот на УН „Ништо за нас, без нас“.