Go Back Go Back
Go Back Go Back

Времени препораки за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со КОВИД-19

Времени препораки за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со КОВИД-19
Времени препораки за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со КОВИД-19

Издавач

Број на страници

17

Author

УНФПА и Министерство за здравство

Технички извештаи и документи

Времени препораки за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со КОВИД-19

Датум на издавање

09 May 2020

Download Icon

Овие времени препораки се базирани на досега достапните сознанија за состојбите поврзани со болеста КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS CoV 2 и се однесуваат на здравствените работници кои доаѓаат во контакт со оваа категорија на пациентки. Тоа се матичните гинеколози, гинеколозите кои се одговорни за грижата во родилиштата, педијатрите, акушерките и сестрите задолжени за антенаталниот и перипарталниот период, како и сиот останат здравствен персонал вклучен во следењето и лекувањето на бремените пациентки.

Овие препораки се развиени со цел да се обезбедат информации на здравствените работници, а дел од овие информации здравствените работници ќе ги споделат и со своите пациентки за да се обезбеди нивно правилно информирање и соодветно следење во текот на бременоста, како и во постпарталниот период. Тоа е делот од информации кои се однесуваат на општите препораки за превенција на ширењето на инфекцијата со коронавирусот, како и оптимизацијата на прегледите на бремените жени, со цел да не се изгубат придобивките од редовните антенатални контроли, а по потреба да се намали нивниот број и обезбеди превенција од заразување на пациентката со болеста КОВИД-19.

Во рамки на препораките се вклучени и неколку алгоритми за олеснета прегледност на постапките кои треба да се преземат кај пациентките суспектни или со потврдена инфекција со коронавирусот, и тоа во тек на антенаталните контроли, тријажа на пациентки со симптоми за КОВИД-19, хоспитализација на ризични пациентки, начин на завршување на породувањето и постпородилниот период.

Со оглед на релативно краткото постоење на КОВИД-19 и секојдневното објавување на медицински податоци и дополнувања за влијанието на вирусот SARS CoV 2 на здравствената состојба кај трудниците врз база на медицина базирана на докази, во најскоро време доколку се појават отстапки од сегашните предложени препораки, истите ќе бидат понатаму вклучени во овој текст.