Go Back Go Back
Go Back Go Back

Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија

Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија
Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија

Издавач

Центар за психо-социјална и кризна акција Малинска

Број на страници

31

Author

Маја Цветаноска, Лина Ќостарова-Унковска, Шерузе Османи Балажи, Иван Христов

Публикација

Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија

Датум на објава

05 Јуни 2025

Download Icon

Студијата за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (ХБСЦ) е меѓународна лонгитудинална студија која се спроведува секоја четврта година, во соработка со Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа. Во Република Северна Македонија Студијата ја спроведува Центарот за психо-социјална и кризна акција-Малинска, со одобрение од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на Република Северна Македонија и во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации - УНФПА. Истражувањето се спроведува на национален репрезентативен примерок, во училишта со настава на македонски и албански јазик. Наодите од истражувањето се достапни за користење на национално, регионално и меѓународно ниво, овозможувајќи подобро разбирање на здравјето и добросостојбата на адолецентите и социјалните детерминанти на здравјето, со цел креирање информирани политики, интервенции и практики кои го унапредуваат квалитетот на живот на младите луѓе.

Овој извештај е првиот од националните извештаи за истражувањето во 2021/22 година, во кој се прикажани наодите за врсничкото насилство (малтретирање во училиште, сајбермалтретирање и тепачки), улогата на родот, социјалните нееднаквости и промената во однесувањата поврзани со малтретирањето и тепачките во периодите пред и по пандемијата со Ковид-19. Во овој извештај се прикажани и дел од наодите поврзани со доживеаното насилство врз адолесцентите кои изјавиле дека малтретираат, со цел да се разбере кругот на насилство кој се одржува во семејствата и заедницата.