You are here

Денес повеќе од кога било во минатото, ние мораме да бидеме сигурни дека луѓето кои се маргинилизирани и заборавени во општеството, имаат можност да го искористат своето основно човеково право да одлучат кога и колку деца ќе имаат ослободени од присилба, дискриминација и насилство.

УНФПА, Фондот за население на Обединетите Нации, како агенција е горда што им овозможува на милиони жени во репродуктивниот период од животот да го користат тоа право, истовремено помагајќи двојно да се зголеми употребата на модерната контрацепција во целиот свет и тоа од 36 % во 1970 на 64% во 2016.

Годишниот извештај укажува како фондовите кои и биле дадени на УНФПА овозможуваат заштита и промовираат здравје и права за милиони жени и млади луѓе, овозможувајќи им да го реализираат сопствениот потенцијал.