Извештајот на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА за Состојбата на светското население за 2021 година, објавен денеска, наведува дека на речиси половина од жените во 57 држави во развој им се негира правото да одлучуваат дали да бараат здравствена заштита, дали да имаат сексуални односи со своите партнери или да користат контрацепција.
За првпат еден извештај на Обединетите нации се фокусира на телесната автономија: моќта и можноста самите да правите избори за вашето тело, без притоа да имате страв од насилство или некој друг да одлучува за вас. Недостигот на телесна автономија има големи последици врз жените и девојчињата, што ги надминуваат дури и најсериозните повреди преку: потенцијално намалување на економската продуктивност, намалување на ефективноста на нивните вештини, како и со воведување дополнителни трошоци за здравствената заштита и судските системи.
УНФПА, преку овој извештај, ја мери моќта на жените да донесуваат одлуки за своите тела, како и степенот до кој законите на државите го поддржуваат или се мешаат во правото на жената да ги носи овие одлуки.