Глобалната мрежа за стари лица на УНФПА подготви краток технички преглед со цел да го надополни краткиот преглед на Одделот за економски и социјални работи на Обединетите нации во однос на постарите лица и заразата од Ковид-19, со кој се потенцираше потребата од хуманитарна акција за решавање на потребите на постарите лица, спроведена во рамки на справувањето и одговорот на пандемијата на Ковид-19.
УНФПА се фокусира на човековите права, здравјето и заштитата на постарите лица од Ковид-19 и со овој документ се истакнуваат релевантните иницијативи што ги водат канцелариите на УНФПА ширум светот. Потребата да се одговори на правата и потребите на постарите лица целосно е во согласност со Глобалниот план за справување со Ковид-19 спроведен од страна на УНФПА, чија цел е никој да не биде изоставен.
Со овој документ се потенцира улогата на УНФПА во однос на поддршката за соодветно справување со Ковид-19 од страна на ООН на ниво на државите каде што е присутна пандемијата, под водство на Постојаниот координатор на Обединетите нации и Светската здравствена организација (СЗО). УНФПА, исто така, го поддржува граѓанското општество да се залага за учество на постарите лица на политичката сцена, со цел да се слушне нивниот глас при справувањето со кризата од која всушност тие се најмногу погодени.