Go Back Go Back
Go Back Go Back

Состојба на светското население во 2019 година

Состојба на светското население во 2019 година
Состојба на светското население во 2019 година

Издавач

УНФПА

Број на страници

180

Author

УНФПА

Извештај за состојбата на светското население

Состојба на светското население во 2019 година

Датум на издавање

10 April 2019

Download Icon

Два важни настани во областа на репродуктивното здравје ја одбележуваат 2019-та година: 50 години од формирањето на УНФПА (UNFPA50) и 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD25) во Каиро.

Овие два настани – започнувањето со работа на првата агенција на Обединетите нации посветена на порастот на населението и потребите во областа на репродуктивно здравје на населението во светот и прогласување на глобална посветеност кон сексуалното и репродуктивното здравје и права – фундаментално ги обликуваа животите на жените и семејствата, како и општествата во кои тие живеат, на мерливи и немерливи начини, важни и површни, трајни и минливи.

Активистите, застапниците, специјалистите по јавно здравје и многу други, немилосрдно ги предводеа трансформациите што денес ги гледаме околу нас, но останува уште многу да се направи.

Што носи иднината во однос на промените во растот на населението, употребата на контрацепција и сексуалното и репродуктивно здравје и права, ќе се утврди од  способноста на жените и девојките да го остварат својот целосен потенцијал како членови на општествата.  Ова ќе биде утврдено од начинот на кој светот ги презема и унапредува достигнувањата и од тоа како ги адресира недостатоците на ICPD до денес.