Go Back Go Back
Go Back Go Back

Состојба на светското население 2020

Состојба на светското население 2020
Состојба на светското население 2020

Издавач

Број на страници

164

Author

УНФПА

Извештај за состојбата на светското население

Состојба на светското население 2020

Датум на издавање

30 June 2020

Download Icon

Секој ден стотици илјади девојки ширум светот се подложни на физички и психолошки или, пак, комбинирани штетни практики, со целосно знаење и согласност од страна на нивните семејства, пријатели и заедници. Ефектот од ваквите практики ги зголемува родовите стереотипи и нееднаквости и го бранува целото општество.

Опсегот на штетни практики е огромен, меѓутоа три од нив кои речиси на универзално ниво се осудуваат како кршење на човековите права, сепак, остануваат особено и широко распространети: осакатувањето женски гениталии, детските бракови и преферирањето син/машки пород.

Овие практики ги преминуваат границите и културите. Тие се разликуваат според спецификите на нивното извршување – гениталиите на девојчињата може да бидат осакатени во детството или, пак, во адолесцентниот период, тие може да бидат омажени за да се „заштитат“ од силување или, пак, во рамки на трговија, детето може да се „избрише“ уште пред раѓањето или, пак, да се занемарува. Меѓутоа, овие практики имаат слично потекло, тие се вкоренети во родовата нееднаквост и желбата да се контролира женската сексуалност и репродукција. Иако нанесените штети имаат уништувачки карактер врз поединечните жени и девојчиња, штетите што му се нанесуваат на целиот свет и на идните генерации, сепак, може да бидат од многу поголеми размери. Паралелно со нарушувањето на здравјето, образованието и човечкиот потенцијал на жените и девојчињата исто така влијае и врз човештвото во целина.

Сепак, ние ја имаме моќта да им пркосиме на силите што ги поттикнуваат ваквите штетни практики и да создадеме свет каде што секоја жена и девојка ќе може слободно да ја планира својата иднина.