Можност да се биде волонтер на ОН во заедницата
Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) спроведува регионален проект „Младите за инклузија, еднаквост и доверба“, за зајакнување на вклученоста на младите во позитивни општествени промени и промовирање на меѓусебното разбирање во регионот. Проектот ја истакнува критичната улога на младите како катализатори за градење инклузивни општества, олеснување на конструктивни дијалози и зајакнување на довербата меѓу различните заедници, потврдувајќи ги специфичните предизвици и можности со кои се соочуваат младите во овие земји. Со вклучување на младите во различни активности, како што се градење капацитети,
дијалог на форуми, културни размени и иницијативи во заедницата, проектот им овозможува на младите луѓе да бидат активни креатори на промени. Преку нивното учество, младите се охрабруваат да промовираат конструктивен дијалог, почитување на различностите и меѓусебното разбирање, со што ќе придонесат за долгорочен мир, стабилност и социјална кохезија во регионот.
Позиција: Локален асистент во заедницата
Локација: Битола
Времетраење на ангажманот: 6 месеци (од 15 октомври 2023 година до 15 април 2024 година)
Опис на задачите:
Под директен надзор на програмскиот аналитичар на УНФПА и дневен надзор на службениците за
млади во општината, волонтерот на ОН во заедницата ќе:
● Го поддржува службениците за млади во успешното спроведување на активностите на
програмите и иницијативите поврзани со младите во рамките на Општината.
● Помага во организирање и учествува на редовни состаноци и дискусии за размена на
информации, идеи и ажурирања со различни засегнати страни.
● Го поддржува Младинскиот локален совет во спроведувањето на заеднички активности,
настани и програми кои ги вклучуваат сите засегнати страни.
● Асистира на партнерот за имплементација на УНФПА во организирање состаноци во
локалната заедница кои би ги вклучиле општинските чинители, граѓанските организации,
верските организации, здравствените и образовните институции, локалната деловна
заедница и членовите на заедницата.
● Служи како врска помеѓу младите, Младинскиот локален совет, општината и партнерот за
имплементирање во спроведувањето на активностите на програмите и иницијативите
поврзани со младите.
● Снима и известува за активностите и најдобрите практики
● Сите други поврзани задачи што може да бидат побарани или доделени од супервизорот.
Критериуми и потребни квалификации:
● Средно образование или еквивалентно,
● Покажан интерес и докажано искуство од минимум 1 година во ангажман на ниво на
заедница, особено во таргетирање младински ангажман и учество
● Вештини за развој на заедницата;
● Основно користење на компјутерски и канцелариски апликации
● Добри комуникациски вештини
● Волонтерски ангажман и искуството со ангажман во заедницата се сметаат за предност
● Потребно е познавање на говорен и писмен македонски јазик
● Работно ниво на англиски јазик е пожелно
Распоред и времетраење на работа:
Половина работно време: Распоредот ќе го одреди UNFPA
Место на работа:
Општина Битола
Бенефиции:
Месечен волонтерски додаток за живеење: 208 евра во денарска противвредност
Eднократна сума: 50 американски долари (во денарска противвредност)
Здравствено осигурување за целото времетраење на ангажманот
Право за одмор
Можности за учење
Постапка за аплицирање:
Забелешка: Волонтерите на заедницата на ОН работат во местото каде што живеат. Затоа,
кандидатите кои можат да се пријават мора да бидат жители на општина Битола.
За да аплицирате, ве молиме доставете ги следните документи по е-пошта на redjepi@unfpa.org и
angeleski@unfpa.org до 9 октомври 2023 година.
● CV
● Скенирана копија од документ за лична идентификација
● Скенирана копија од диплома за средно образование
Кога ќе ја испратите е-пораката, во насловот на е-пораката, напишете „Апликација за волонтер на
заедницата на ОН во Битола“.