Скопје, јуни/јули 2023 година – На 29 и 30 јуни во Скопје се одржаа брифинзи за сензибилизација на новинарите и на уредниците за етичко известување за родово базираното насилство и за семејното насилство. На средбите со новинарите присуствуваа четиринаесет новинари од четири телевизиски станици, една радиостаница, еден магазин, четири весници/интернет-портали и една новинска агенција.
На состаноците говореа претставници од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за внатрешни работи, кои ја истакнаа работата на националните институции во областа на родово базираното и семејното насилство и ја истакнаа важноста од повеќесекторскиот одговор на родово базираното насилство. Беше презентирано и истражувањето за етичкото известување за родово базираното насилство, кое претходно беше спроведено и објавено.
Брифинзите беа организирани заеднички со Институтот за комуникациски студии.