Скопје, 28 септември 2022 - „Презентација е пионерски обид да се одговори на ниската достапност на сеопфатни статистички податоци согласно потеклото односно државата. На овој начин, ги каниме истражувачите и креаторите на политики во Северна Македонија да пристапат кон развивање различни методи за проценка на миграциските текови врз основа на расположливите статистички податоци за мигрантските текови”.
Ова денеска го изјави Џон Мосоти, директор на УНФПА за Северна Македонија, во своето воведно обраќање на работилницата пред националната стручна јавност со цел градење на капацитети за статистики користејќи го Бајесовиот хиерархиски модел, кој служи како статистичка рамка за проценка на миграциските текови помеѓу различни држави.
Презентацијата ја водеа професорите Јакуб Бијак и Питер Смит од Универзитетот во Саутхемптон, Англија, кои говореа клучните предизвици на полето на миграциите со насоки за креативно користење на постоечките податоци, координација, хармонизација и размена на податоци, интеграција на повеќе извори на податоци преку користење на статистичко моделирање, ефикасно комуницирање на резултатите и комбинација на модел на мерки и структурен модел.