You are here

Скопје/Тирана, 3 декември - Второ место за спортистите од Северна Македонија на инклузивниот кошаркарски натпревар за Западен Балкан за атлети со и без интелектуална попреченост што викендов се одржа во Тирана, Албанија.

Натпреварот, со кој се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3.декември, се одржа во рамки на проектот за млади „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, во соработка со Специјалната олимпијада, УНФПА и УНДП Северна Македонија и партнерство со Специјална олимпијада од Западен Балкан и со другите тимови на ООН од Западен Балкан.

Претходно, во Скопје, Република Северна Македонија, околy 50-тина атлети со и без интелектуална попреченост спортуваа на кошаркарскиот терен во рамки на Европската недела на кошарка, на инклузивниот настан што се одржа во организација на Специјална олимпијада Северна Македонија и поддршка на УНФПА.