You are here

СКОПЈЕ, Северна Македонија - Светскиот ден на населението, годинава, повикува на глобално внимание во врска со недовршената работа од Конференцијата na ICPD во Каиро од 1994 година, преку Што се променилоразговори во врска со родово-базираното насилство и правата на младите и адолесцентите.

Дискусијата „Што се променило?“ се пренесуваше во живо од Скопје на 10-ти јули на фејсбук-страницата на УНПФА МК. Овој прв национален настан Што се променило?“ го модерираше регионалната директорка, г-ѓа Ајнабат Анамухамедова, а учесници беа г. Илјаз Сабриу, член на македонската делегација во Каиро 1994, г-ѓа Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика на С. Македонија,  г. Венко Филипче, министер за здравство на С.Македонија, г. Кристијан Ангелески од Y-PEER младинската мрежа од С.Македонија и г-ѓа Росана Дуџак, национален координатор на ОН во С.Македонија. 

Средбата ја отвори ветеранот од Конференцијата во Каиро, тогашниот македонски министер за труд и социјална политика г. Сабриу, чија делегација беше потпретседавач на Конференцијата во Каиро од регионот на Источна Европа, заедно со Романија и Унгарија.

Тоа беа раните години на независност кога нашата држава штотуку беше призната од ООН. Делегацијата беше на највисоко ниво и ние се обидувавме да ја искористиме секоја можност да се промовираме и да ја зајакнеме нашата улога на полето на родовата еднаквост и популационата политика, изјави Сабриу.

Тој ја посочи посветеноста на тогашната Влада за спроведување на клучните заклучоци од Конференцијата и процесот на изработка на Програма за развој на популационата политика и наталитет.

За ратификацијата и операционализација на Истанбулската конвенција, чии цели треба да се постигнат во наредните 5 години, како и за другите стратешки приоритети на Министерството за труд и социјална политика како дел од Развојните цели, говореше министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска.

Државата покажува прогрес во родовата еднаквост и унапредување на правата на жените и девојките. Тука е вклучено и усогласување на законодавството, како и развивање услуги за превенција и заштита од родово-базирано насилство, изјави министерката.

Таа посочи дека Македонија историски се бори за правата на жените и постојано сака да ги следи меѓународните стандарди и додаде дека, сепак, во одредени институции сè уште имаме предизвик за прифаќање на родова еднаквост.

Треба да се работи на превенцијата, како и на родова рамноправност до социјалните и материјалните права од страна на државата“, додаде министерката.

Министерот за здравство, г. Венко Филипче, потенцираше неколку клучни точки за напредок во државата – донесувањето на двегодишниот Акциски план со поддршка на УНФПА за спроведување на Стратегијата за сексуалното и репродуктивното здравје,  отворање на три центри за упатување на жртви на сексуално насилство, изработка на постапките при третирање на жртвите и друго, новиот Закон за абортус, каде се отстранети рестриктивните мерки, како и превентивните програми за ХИВ, и други.

Оваа средба е одлична можност да утврдиме што сме направиле досега и што треба допрва да правиме на полето на сексуалното и репродуктивно здравје, истакна министерот за здравство, Филипче.

Многу е сторено од 1994 до денес, но има области каде што се очекува поголем напредок - особено во врска со родовите улоги, социјалните норми и младите. Доколку ги зајакнеме посветеноста на науката и политичката волја, преку силни партнерства и финансиски инвестиции, нè очекува светла иднина, истакна г-ѓа Ајнабат Анамухамедова.

Претставникот на младинската мрежа Y-PEER  Кристијан Ангелески,, говореше за правата на младите и адолесцентите и што треба уште да се направи во насока на подобрување на нивната положба.

Младите треба активно да бидат вклучени во планирањето, спроведувањето и евалуацијата на развојните активности што имаат директно влијание на нивниот секојдневен живот, за да се осигури дека никој не е заборавен“.

Северна Македонија покажа сериозна посветеност и покажа извонреден напредок во решавањето на прашањето на родово-базирано насилство“, истакна г-ѓа Росана Дуџак.

Сега е време да се дејствува. Една од причините што го одбележуваме овој ден е да го означиме напредокот што е постигнат досега, но и да си поставиме предизвици во нашата натамошна посветеност и да видиме што понатаму можеме да направиме“, додаде таа. 

На самитот во Наироби оваа година ќе треба одново да ја анимираме меѓународната заедница, да вткае нов живот во агендата, да ја одржи и надгради врз постигнувањата што беа остварени од 1994 наваму.