Скопје, 28 јули – Денеска, со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во Скопје се одржа онлајн презентација за користените методи и елаборација на резултатите од серијата повратни податоци меѓу двата пописи.
Презентацијата ја одржа професорот Томаш Кучера, од Катедрата за демографија и геодемографија на Универзитетот „Чарлс“ во Прага, во присуство на претставници од Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, националниот консултант на УНФПА Драган Тевдовски, како и претставници од канцеларијата на УНФПА во Скопје.
Оваа активност е во рамките на проектот „Миграциски дискурс, политики и планирање базирано на докази“, што го спроведоа УНФПА Северна Македонија, ИОМ Северна Македонија и УНХЦР – Скопје, во координација со Постојаниот координатор на ОН.
Повторната пресметка ќе овозможи попрецизни и поверодостојни информации и ќе послужи како основа за планирање на идните развојни активности и исто така ќе биде предуслов за развој на проекции на населението што ќе ги обезбедат потребните информации за идната динамика на населението, што е од клучно значење за ефективно планирање на политиките.