Go Back Go Back
Go Back Go Back

Проекциите на населението 2022-2070 година подготвени со поддршка на УНФПА

Проекциите на населението 2022-2070 година подготвени со поддршка на УНФПА

Вести

Проекциите на населението 2022-2070 година подготвени со поддршка на УНФПА

calendar_today 15 December 2023

Проекциите на населението 2022-2070 година подготвени со поддршка на УНФПА
Проекциите на населението 2022-2070 година подготвени со поддршка на УНФПА

Скопје, 15 декември, 2023 - Проекциите на населението 2022-2070 година што ги изработи Државен завод за статистика, со поддршка на УНФПА Северна Македонија, денеска беа објавени во Скопје, во присуство на претседателот на државата, претставници на Владата, пратеници, на меѓународната заедница, на академијата и медиумите.

Проекциите на населението до 2070 година се втори од осамостојувањето на државата и се прават после 25 години. Тие се патоказ при креирањето на политиките и стратегиите на државата со фокус на демографските случувања во минатото, сегашната состојба и можните сценарија за иднината.

„Во голем број земји, особено од Централна и Источна Европа, со децении е присутен трендот на намалување на населението, пред се, поради ниските стапки на фертилитет, високиот морталитет и високиот степен на иселување и тоа на младите луѓе на репродуктивна возраст”, изјави Афродита Шаља, шефица на УНФПА Северна Македонија, во воведното обраќање пред присутните.

Таа посочи дека овие состојби треба да не поттикнат да бараме креативни решенија за надминување на главните причинители на ваквите демографски промени и искористување на можностите што тие ги нудат.