Go Back Go Back
Go Back Go Back

Промоција на Поимникот на УНФПА за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата

Промоција на Поимникот на УНФПА за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата

Вести

Промоција на Поимникот на УНФПА за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата

calendar_today 05 April 2023

Промоција на Поимникот за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата. Фотографија: УНФПА Северна Македонија
Промоција на Поимникот за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата. Фотографија: УНФПА Северна Македонија

Скопје, 5 април, 2023 - Промоција на Поимникот за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата, во рамки на кампањата bodyright, со учество на 70-тина претставници на националните институции, активисти/ки, инфлуенсери/ки и други соработници, се одржа во Скопје.

Поимникот има за цел едукација и подигање на свеста за дигиталното родово базирано насилство што ќе овозможи подобро препознавање и започнување дискусии со јавноста, но и ќе ги поттикне носителите на одлуки и сите релевантни заинтересирани страни да развијат неопходни заштитни механизми и системи за поддршка.

На настанот говореа Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Елизабета Ѓеоргиевска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, Џон Кенеди Мосоти, директор на УНФПА за Северна Македонија, д-р Афродита Шаља, раководителка на Канцеларијата на УНФПА во Скопје, како и бројни феминисти/ки и поддржувачи на борбата против насилството и во реалниот и во дигиталниот свет.



Фотографија: УНФПА Северна Македонија

Овој настан е дел од глобалната кампања на УНФПА - bodyright. Кампањата bodyright (правото да го поседувате вашето тело онлајн) е глобален повик за акција за да се спречи насилството врз жените и девојчињата во виртуелните простори.

Во Северна Македонија и во регионот во 2022 година се организираа серија на настани посветени на оваа тема, а оваа година кампањата продолжува со промоцијата на Поимникот (речник) на зборови кои се однесуваат на родово базираното насилство извршено со посредство на технологија.

Покрај настанот, кампањата продолжи на социјалните медиуми каде над 10 инфлуенсерки заедно со УНФПА споделуваат материјали од кампањата bodyright.

Remote video URL