Струмица, 24 јули – Денеска во Струмица започна тридневна работилница за подготовка на Акциски план за Стратегијата за млади.
УНФПА продолжува да обезбедува поддршка на Агенцијата за млади и спорт во процесот на изработката на Националната стратегија за млади 2023 – 2027 како и за Акцискиот план. Во моментов, Агенцијата за млади и спорт, поддржана од УНФПА, УНДП и од Мисијата на ОБСЕ, изготвува Акциски план за периодот 2023 – 2025 година.
Работилницата се фокусираше на изработка на Акциски план во согласност со подготвената Стратегија за млади, со активно учество на разни организации и институции. Повеќе од 60 младински лидери, едукатори, застапници и претставници од релевантните институции меѓусебно соработуваа во подготовката на сеопфатен патоказ што ќе се однесува на потребните интервенции. Преку интерактивни сесии и стратегиски дискусии, учесниците имаа можност заеднички да изготват документ од високо значење за младите и за институциите.