Сараево 14 ноември, 2022 - Регионален форум „Градиме градови за младите во свет на 8 милијарди луѓе”, во присуство на 120 градоначалници, претставници на општини, службеници за млади од локалната самоуправа и експерти од 47 градови во 13 држави, вклучително и Северна Македонија, се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на УНФПА.
Претставници на УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија ја предводеше националната делегација што ја сочинуваа градоначалниците на општините Дебар и Валандово, претставници на општина Куманово, службеници за млади од општините Центар, Куманово, Дебар и Валандово, како и на невладината организација АРНО кои имаа и свои излагања на регионалниот форум.
Јулија Геровска, претставничка од општина Центар, говори за соработката со младите во локалната заедница - фотографија на УНФПА
Овој форум имаше за цел да овозможи простор каде ќе се разменат информации за политиките за развој на земјите во регионот со фокус на младите, учество и јакнење на демографската отпорност кај општеставата. Преку разните панели и дискусии се разменија искуства, решенија и добрите практики меѓу земјите во регионот.
Настанот го одбележува 15.ноември 2022 година – денот кога Планетата станува дом на осум милијарди луѓе.