Go Back Go Back
Go Back Go Back

Споделување на искуства на УНФПА за семејно одговорни политки

Споделување на искуства на УНФПА за семејно одговорни политки

News

Споделување на искуства на УНФПА за семејно одговорни политки

calendar_today 11 November 2022

Нелеа Русу, проектна координаторка на УНФПА Молдавија - фотографија: УНФПА
Нелеа Русу, проектна координаторка на УНФПА Молдавија - фотографија: УНФПА

Скопје, 11 ноември 2022  - Споделување на искуствата и успесите на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Молдавија во рамките на регионалниот проект за семејно одговорни политики, беше тема на официјалната посета на проектната координаторка од УНФПА Молдавија, Нелеа Русу. Таа во изминатата недела оствари неколку средби со компании од приватниот сектор, Министерството за труд и социјална политика, граѓански организации и сестринските агенции на Обединетите нации.



Средба со компании од приватниот сектор - фотографија на УНФПА

Регионалниот проект за семејно одговорни политики се фокусира на креирање на политики во приватниот сектор кои ќе им овозможат на вработените подобро да ги балансираат работните обврски и грижата за семејството и домашните обврски. Покрај тоа што политиките во огромна мера придонесуваат жените да ги остварат своите кариери и лични аспирации, во баланс со обврските во семејството, тие исто така имаат и позитивен ефект на компаниите и нивното успешно раководење со човековите ресурси и зајакнување на корпоративната култура.

 

Активностите во рамки на проектот „Проширување на изборите преку семејно одговорни политики” ги спроведува УНФПА во државите од Западен Балкан и Молдавија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој (Austrian Development Agency - ADA).