Тирана, 20-22 ноември 2023 година - Студиска посета на младинските службеници и членови на локалните младински совети во општините Битола, Охрид и Гостивар, со поддршка на УНФПА и УНДП Северна Македонија, се одржа во Тирана, Албанија.
Целта на посетата беше да се олесни размената на најдобри практики во законодавството, развојот на политики, стратегиите и методите што го подобруваат ефективно функционирање на локалните младински совети, како и да се запознаат со успешните пристапи за младинско вклучување во одлучувањето на процеси на локално ниво.
За време на посетата се одржаа повеќе средби, вклучително и со албанскиот министер за млади, по што следеа теренски посети и средби на локално ниво во општините Лежа, Круја, Елбасан, Берат и Прењас.
Посетата е во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба” финансиран од Фондот на Обединетите нации за градење мир.