Скопје, 2 ноември 2023 година - Донација од лаптопи и сервер за собирање на податоци што ќе служат за истражувања, анкети односно обнова на постоечките капацитети на Државен завод за статистика додели деновиве во Скопје УНФПА Северна Македонија.
Донацијата е во рамки на проектот „Миграциска политика, планирање и дискурс заснована на докази во Северна Македонија“ за поддршка на националните институции за подобрување на управувањето со демографската миграциската динамика што во изминатите три години го спроведоа Меѓународната организација за миграции – ИОМ, Високиот Комесаријат на Обединетите нации за бегалци – УНХЦР и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, под координација на Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.