You are here

Скопје, 6 април 2023 -Изнаоѓање на нов пристап што ќе ги институционализира предвидувањата и практиките за соработка, за да се премине од реактивно одлучување кон еластично и трансформативно создавање политики, беше една од темите на Симпозиумот за антиципативно управување со миграцијата, што се одржа онлајн во Скопје.

Настанот го организираа УНХЦР, ИОМ, УНФПА, Владата на Република Северна Македонија и експертската група Демос Хелсинки, го отвори вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, а покрај него зборуваа и меѓународни експерти од областите на миграција, демографска отпорност, раселување поради климатските промени и предвидувања на миграциски текови.

Учесниците дискутираа и за конвенционалните методи на управување со миграцијата што повеќе не се доволни за да се реши сложената и повеќедимензионалната природа на миграцискиот пејсаж, којшто брзо се развива.

Дел од дискусијата се одвиваше во насока на изнаоѓање на нов пристап што ќе ги институционализира предвидувањата и практиките за соработка, за да се премине од реактивно одлучување кон елстично и трансформативно создавање политики.

Овој Симпозиум даде увид во аниципативниот пристап за создавање политики развиен во Република Северна Македонија и ги истражуваше алтернативните иднини и новите перспективи за управување со миграцијата. Дел од говорниците беа претставници од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Владата на Република Северна Македонија и експертската група на Демос Хелсинки.