Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА Северна Македонија се приклучи на Скопскиот маратон за промоција на ICPD25, UNFPA@50

УНФПА Северна Македонија се приклучи на Скопскиот маратон за промоција на ICPD25, UNFPA@50

Вести

УНФПА Северна Македонија се приклучи на Скопскиот маратон за промоција на ICPD25, UNFPA@50

calendar_today 08 May 2019

Членовите на тимот на УНФПА Северна Македонија - Афродита Шаља, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, Ирена Спирковска и Марија Матовска, со активистот Александар Матовски - Скопски маратон, 2019 ©UNFPA MK

СКОПЈЕ, Северна Македонија - Членовите на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија неодамна учествуваа на еден од најголемите спортски настани во државата, Скопскиот маратон 2019.

На 4-ти мај, тимот на УНФПА учествуваше во трката со брендирани ICPD25 и UNFPA маички и знаци. Специфичната порака за оваа година беше инклузивност бидејќи на тимот му се приклучи и популарен активист со Даунов синдром.

„Трчавме за да обезбедиме права и избор за сите! Трчавме за Забрзување на ветувањето и за Еднаквост и Достоинство“, изјави вршителот на должност и тим лидер Афродита Шаља. „Ова поради тоа што веруваме во тоа што го правиме и го правиме со страст“.

Околу 60 држави учествуваа на Скопскиот маратон што се одржа по 15-ти пат. Трката првпат се одржа во 1997 година по што запре неколку години и повторно почна да се одржува во 2007 година. Годинава, на Скопскиот маратон учествуваа околу 12 илјади лица во три главни трки.

„Бев воодушевен што сум дел од тимот особено во годината што е навистина важна за нашите цели, годината што означува 50 години од УНФПА и 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој“, изјави Александар Матовски (Цако), познат активист за одбрана на правата на лицата со посебни потреби особено нивните сексуални и репродуктивни права.

Тимот на УНФПА Северна Македонија - Скопски маратон, 2019  ©UNFPA MK