Go Back Go Back
Go Back Go Back

Прирачник за постапување на здравствените работници во случај на родово базирано насилство, вклучувајќи ги и лицата со попреченост

Издавач

Број на страници

75

Author

УНФПА и Министерство за здравство

Публикации

Прирачник за постапување на здравствените работници во случај на родово базирано насилство, вклучувајќи ги и лицата со попреченост

Датум на издавање

30 September 2020

Download Icon

Овој Прирачник е наменет за здравствените работници со цел да им послужи како водич во секојдневната пракса и примената на протоколите за постапување во случај на родово базирано насилство (РБН), вклучувајќи ги и лицата со попреченост.

За таа цел, прирачникот обезбедува практични совети за евидентирање, документирање, пријавување и системско собирање на податоци и за следење на РБН и попреченоста, согласно Законот за евиденции во областа на здравството и препораките на Светската здравствена организација (СЗО), за зачувување на телесното и психичкото здравје на жртвата, како и за санација на настанатите повреди и психолошки трауми.

Прирачникот примарно е наменет за здравствените работници (лекари, медицински сестри и други здравствени работници) кои работат во првата линија на здравствена заштита во случај на РБН, но може да им користи и на други здравствени професионалци, истражувачи на РБН и раководители на здравствени установи. Со негово користење може да се придонесе во воспоставувањето на интегриран систем за следење и одговор на РБН на национално, регионално и локално ниво.

Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик.