Go Back Go Back
Go Back Go Back

Нова глобална стратегија на УНФПА за адолесценти и млади

Нова глобална стратегија на УНФПА за адолесценти и млади

Вести

Нова глобална стратегија на УНФПА за адолесценти и млади

calendar_today 12 August 2019

Мое тело, Мој живот, Мој свет - Нова глобална стратегија на УНФПА за адолесценти и млади објавена на Меѓународниот ден на млади - 12 Август

Стратегијата е стратешки придонес на УНФПА кон Младинската стратегија 2030 на ОН: Стратегија за млади на Обединетите нации. Таа ќе послужи како:

а) рамка за изготвување на нашите програми за адолесценти и млади,

б) како алатка за забрзување и водич во постигнување на трансформирачките резултати на УНФПА, и

в) место на напорите за подобрување на визибилитетот на нашиот бренд.

 

Стратегијата содржи три меѓусебно поврзани димензии на нашата работа со адолесценти и млади:

Моето тело - да обезбеди пристап до интегрирани услуги за сексуално и репродуктивно здравје и информации за сите адолесценти и млади

Мојот живот - да ги разгледа одредниците за здравјето и благосостојбата на адолесцентите и младите, со поддршка на правата и инвестирање во човечкиот капитал

Мојот свет -  промовирање на адолесцентите и младинското лидерство; како и нивното основно право да учествуваат во одржлив развој, хуманитарни акции и одржување на мирот.

Општо земено, младите луѓе ги остваруваат свои права со цел да направат вистински избор за своите тела, за својот живот и светот во кој живеат  и тоа е прашање на правичност и двигател на доживотни придобивки.