Go Back Go Back
Go Back Go Back

Ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015-2024 со поддршка на УНФПА

Ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015-2024 со поддршка на УНФПА

Вести

Ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015-2024 со поддршка на УНФПА

calendar_today 15 December 2022

Претставници на УНФПА и на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) со ревизија на Стратегијата за демографски политик
Претставници на УНФПА и на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) со ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015–2024 - фотографија на МТСП

Скопје, 15 декември 2022 - Презентација и дискусија за прелиминарни заклучоци од ревизијата на националната Стратегија за демографски политики 2015 -2024 година со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА денеска се одржа во Скопје.

Претставници од националните институции, предводени од Министерство за труд и социјална политика (МТСП) на Северна Македонија, дискутираа за целокупната досегашна и идна соработка во делот на справување со демографските трендови и предизвици а во координација со главните чинители на институциoнално и експертско ниво.

„Министерството за труд и социјална политика е носител и координатор на политиките поврзани со демографски  развој. Имаме Стратегија за демографски развој која за прв пат е усвоена во 2008 година, но истата со техничка и експертска  помош од канцеларијата во Скопје  на УНФПА  е ревидирана и подготвена е нова за период 2015-2024 година. Како институција  до сега имаме реализирано бројни  проекти  со поддршка на вашата канцеларија во Скопје во рамки на  регионалната стратегија на УНФПА за популациони  политики,“ истакна Ресми Ејупи, државен секретар во МТСП.

Оваа работилница е основа за натамошниот процес на ревизија на стратегијата и подготовка на нова преку интегриран пристап кон демографскиот развој и јасно дефинирани надлежности.