You are here

На 16 и 17 јуни 2022 година, УНФПА ја поддржа Делегацијата на Северна Македонија да учествува на Министерската конференција за стареењето во Рим организирана од УНЕЦЕ. Темата на конференцијата беше „Со здружени сили за солидарност и еднакви можности во текот на животот“, со што се одбележа 20-тата годишнина од усвојувањето на Мадридскиот меѓународен акциски план за стареењето и неговата Стратегија за регионално спроведување (МИПАА/РИС).

 

Делегацијата на Северна Македонија ја предводеше Министерката за труд и социјална политика, г-а Јованка Тренчевска, во придружба на претставниците на УНФПА.

 

Како надоврзување на Министерската конференција за демографска отпорност на УНФПА, што се одржа во Софија во декември 2021 година, на овој настан се дискутираа промените што се неопходни за да им овозможат на општествата да напредуваат сред брзите демографски промени. Говорниците се фокусираа на важноста на правата, здравјето и достоинството во одговор на стареењето на населението, и истражија како може да се искористат можностите што доаѓаат со стареењето на населението за зајакнување на демографската отпорност.

 

 

 

Имаме обврска да обезбедиме мирни, спокојни пензионерски денови за нашите најстари сограѓани, коишто се вложија себеси во изградбата на нашата татковина. Ние, помладите генерации, сме посветени на реализирањето и остварувањето на човечкиот потенцијал на луѓето од различни возрасни групи. изјави Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска.