Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА мобилни гинеколошки клиники – некои жени со години не биле на гинеколог

УНФПА мобилни гинеколошки клиники – некои жени со години не биле на гинеколог

News

УНФПА мобилни гинеколошки клиники – некои жени со години не биле на гинеколог

calendar_today 18 February 2022

Фото: УНФПА Северна Македонија/Томислав Георгиев

На 1 декември минатата година од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, тргна на пат мобилна гинеколошка амбуланта. Од тој ден, па се до денес во подвижната клиника бесплатно се вршат прегледи на жени за рано откривање на ракот на грлото на матката. Во меѓувреме на терен се вклучи и уште една мобилна амбуланта и бројот на жени кои се прегледуваат секојдневно расте. Бесплатни гинеколошки прегледи досега се овозможени за жените во Свети Николе, Градско, Врапчиште и во Лозово.

„Се уште сме во време на пандемија и ограниченоста односно недостапноста на услугите од сексуално и репродуктивно здравје,  е всушност тоа што не натера да се мобилизираме, клиниките да ги направиме мобилни, да одиме на терен, за жените да не доаѓаат и со тоа да се намали ризикот од пренос на инфекции но и да се подобри нивното здравје“ вели проф, д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и акушерки.

Remote video URL

Дел од жените не биле на преглед со години

Присуството на мобилните амбуланти во нивното родното место го зголеми интересот кај жените за превентивни гинеколошки прегледи. Само во Свети Николе, каде што беше првата дестинација, беа прегледани повеќе од 220 жени. Меѓу нив имаше и жени кои со години не биле на преглед. Дел од нив, со оглед на наодот добија упат да направат дополнителна евалуација или итна интервенција на УГАК.

Според докторите, причина за високата бројка на заболени жени е што и покрај програмите за скрининзи околу 40 проценти од жените немаат матични гинеколози ниту се опфатени со овие скринизни и на доктор се јавуваат многу доцна.

„Откако увидовме дека потребата е огромна и дека има интерес, се работи на изнаоѓање дополнителни модалитети и средства овие мобилни гинеколошки амбуланти да останат во функција и дополнително да го прошириме полето на делување со цел да се доближиме до најмаргинализираните и да се осигураме дека никој не е оставен сам“– вели Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, УНФПА.

Функционирањето на мобилните амбуланти е овозможено со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и  УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации .

Кампања за подигање на свеста за важноста од превентивни прегле

Сите овие партнерски организии заедно се вклучија и во кампањата за подигнување на свеста за важноста од превентивните прегледи и навременото откривање на ракот на грлото на матката. Кампањата започна во јануари, месецот кога се одбележува борбата против ракот на грлото на матката, но продолжува и во наредниот период. За таа цел беше промовиран видео спот,кој се емитуваше на сите национални телевизии и на социјалните мрежи каде исто така се презентираа пораки за важноста од превенциијата. Мотото на кампањата е „Еден преглед може да спаси живот Прегледај се заштити се“. 

Remote video URL