Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА, СЗО и националните партнери за здравото стареење

УНФПА, СЗО и националните партнери за здравото стареење

News

УНФПА, СЗО и националните партнери за здравото стареење

calendar_today 21 May 2024

 Тркалезна маса за здраво стареење - Скопје, мај, 2024
Тркалезна маса за здраво стареење - Скопје, мај, 2024

Скопје, 21 мај 2024 година – Во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Светската здравствена организација и во соработка со Министерството за здравство, денеска се одржа тркалезна маса на тема „Здраво стареење во Република Северна Македонија: Тековни активности и предизвици“.

Настанот претставува катализатор за ревидирање на Стратегијата за здраво стареење на Северна Македонија и им понуди можности на засегнатите страни да ги покажат своите тековни активности и идни чекори.

На настанот присуствуваа 35 учесници, претставници од Министерството за здравство, поконкретно Секторот за примарна и превентивна здравствена заштита, фокусната точка за ПЗЗ, Министерството за труд и социјална политика, Националниот институт за јавно здравје, Црвениот крст на Република Северна Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Медицинскиот факултет, Здружението на лекари по општа и семејна медицина, Здружението на приватни лекари во примарна здравствена заштита, претставници од граѓански организации, како и претставници од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина.

На настанот се отворија дискусии за изготвување нова стратегија или акциски план усогласен со Декадата на ОН за здраво стареење или изготвување акциски план во рамките на новата Стратегија за демографски политики 2024-2044, која е во завршна фаза на развој, за да се обезбеди усогласување на активностите со цел националните политики да ги одразуваат најновите глобални согледувања.