Go Back Go Back
Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА го одбележува 11. јули – Светскиот ден на населението

УНФПА го одбележува 11. јули – Светскиот ден на населението

News

УНФПА го одбележува 11. јули – Светскиот ден на населението

calendar_today 11 July 2024

УНФПА го одбележува 11. јули – Светскиот ден на населението
УНФПА го одбележува 11. јули – Светскиот ден на населението

Скопје, 11 јули 2024 година – Истражувањето „Невидливи закани: Родово-базирано  насилство извршено со (зло)употреба на технологијата врз лицата со попреченост“ беше промовирано денеска во Скопје, во присуство на околу 60 учесници.

Настанот го одбележа 11. јули – Светскиот ден на населението, во организација на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), со што се отвори простор за конструктивна дискусија со лицата со попреченост, организациите на лица со попреченост, женските организации, експертите, агенциите на ОН итн.

Во воведниот говор, Џон Кенеди Мосоти, директор на УНФПА за Северна Македонија, ја истакна важноста на потребата од собирање и анализа на податоци како еден од клучните фактори за следење и постигнување на Целите за одржлив развој. Еден од истражувачите, Сара Миленковска, зборуваше за пресекот на попреченоста, родот и технологијата и даде преглед на целите и на методологијата на истражувањето, додека другите двајца истражувачи, Ирена Лозана и Кристијан Лазарев, ги презентираа наодите и препораките од истражувањето.

Овој вид истражување е неопходен бидејќи влијанието на родово-базираното насилство извршено со (зло)употреба на технологијата врз лицата со попреченост не е доволно истражено, а овој вид насилство е релативно нов феномен. Вредноста на истражувањето е во тоа што се истражува меѓусебната поврзаност на попреченоста, родот, нееднаквостите и насилството, притоа анализирајќи ја положбата на жртвите на дискриминација и насилство низ повеќе оски.

Технолошките иновации и онлајн платформите имаат значителен потенцијал да го подобрат животот на лицата со попреченост, но тие можат да станат и средство за потенцијална злоупотреба или дискриминација. Иако ова истражување беше ограничено, како во однос на вкупниот број испитаници, така и во однос на тематската деск-анализа, сепак доведе до заклучок дека лицата со попреченост се изложени на многу поголем ризик да станат жртви на  родово-базирано насилство извршено со (зло)употреба на технологијата отколку лицата без попреченост; потребно е подигање на свеста, како и зајакнување на услугите за жртвите со цел тие да ги вклучуваат и лицата со попреченост.

Истражувањето го финансира програмата на УНФПА „Ние одлучуваме“, чијашто цел е промовирање на човековите права и социјална инклузија на жените и младите со попреченост, со посебен фокус на проучување и овозможување на пристапот до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, како и информации и едукација за лицата со попреченост, вклучувајќи превенција и справување со сексуалното и родово-базираното насилство.