You are here

Нови изданија

Глобален план на УНФПА за справување со корона вирусот (Ковид-19)

技術レポートと文書

Пандемијата со Ковид-19 ја предизвика најголемата глобална криза во јавното здравство на векот, со застрашувачки здравствени и социо-економски последици. „Ковид-19 претставува најголемиот тест со кој се соочивме уште од формирањето на Обединетите нации“, истакна генералниот секретар на ООН. Владите преземаат невидени мерки за спречување на ширењето на вирусот, зајакнување на здравствените системи и ограничување на движењето на милиони луѓе.

Сепак, пандемијата веќе предизвика сериозно нарушување на пристапот до сексуални и репродуктивни здравствени услуги што придонесе за влошување на постојните нееднаквости кај жените и девојките и ја продлабочи дискриминацијата во однос на другите маргинализирани групи. Всушност, пристапот до основни услуги во однос на сексуалното и репродуктивното здравје и права претставува значаен проблем во јавното здравје на што треба да се обрне посебно внимание и да се зголемат инвестициите со цел негово решавање.

 

Full review

Техничка информација за влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз спроведувањето попис на населението

技術レポートと文書

Како резултат на тоа што светот се справува со ширењето на вирусот Ковид-19, УНФПА има за цел импликациите од појавата на оваа пандемија да ги адресира кон подготовки и спроведување на пописниот циклус во 2020 година. За 2020 и 2021 година се предвидува спроведување пописи во 150 земји (вклучително и 85 земји кои се дел од програмата на УНФПА) и затоа потенцијалното прекинување на пописниот циклус во 2020 година може да има големо значење.

Појавата на пандемијата Ковид-19 придонесува да се одложи или прекине спроведувањето на пописот во голем број земји, што може да влијае врз квалитетот на спроведувањето или да дојде до целосно откажување на пописните проекти. Домашното финансирање и финансирањето од страна на донатори, со цел спроведување пописи всушност може да бидат пренасочени за справување со вирусот Ковид-19, при што пописите ќе треба да поминат низ фаза на подготовка без неопходните основни финансиски средства. Неколку земји веќе донесоа одлука за одложување на пописите, додека пак, голем дел од другите земји допрва ќе донесат одлуки за одложување.

Full review

КОВИД-19: Низ родова призма

技術レポートと文書

Појавата на епидемии различно влијае на жените и на мажите. Ширењето на болести ја продлабочува постоечката нееднаква положба во која се наоѓаат жените и девојчињата како и дискриминацијата на други маргинализирани групи како што се лицата со посебни потреби и лицата кои живеат во екстремна сиромаштија.

Глобално, жените претставуваат 70 проценти од здравствениот и социјален сектор. Треба особено внимание да се посвети на тоа што нивната работна средина може уште повеќе да ги изложи на дискриминација. Исто така, треба да се земе предвид и нивното сексуално и репродуктивно здравје и психо-социjaлни потреби како здравствени работници на првата ‘борбена’ линија.

Full review

Нова глобална стратегија на УНФПА за адолесценти и млади

Публикација

Стратегијата ги поставува младите луѓе - нивните таленти, надежи, гледишта и уникатни потреби - во центарот на одржливиот развој. Воедно, го поддржува постигнувањето на Целите за одржлив развој и се усогласува со новата Стратегија на Обединетите нации за млади, како и Стратешкиот план на УНФПА 2018-2021. Сè што прави УНФПА, зависи од заложбите за сексуално и репродуктивно здравје и права опфатени во Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година и нејзината програма за акција. Овие заложби се клучни за адолесцентите и младите.

Full review

Состојба на светското население во 2019 година

Државен извештај за населението

Два важни настани во областа на репродуктивното здравје ја одбележуваат 2019-та година: 50 години од формирањето на УНФПА (UNFPA50) и 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD25) во Каиро.

Овие два настани – започнувањето со работа на првата агенција на Обединетите нации посветена на порастот на населението и потребите во областа на репродуктивно здравје на населението во светот и прогласување на глобална посветеност кон сексуалното и репродуктивното здравје и права – фундаментално ги обликуваа животите на жените и семејствата, како и општествата во кои тие живеат, на мерливи и немерливи начини, важни и површни, трајни и минливи.

Активистите, застапниците, специјалистите по јавно здравје и многу други, немилосрдно ги предводеа трансформациите што денес ги гледаме околу нас, но останува уште многу да се направи.

Што носи иднината во однос на промените во растот на населението, употребата на контрацепција и сексуалното и репродуктивно здравје и права, ќе се утврди од  способноста на жените и девојките да го остварат својот целосен потенцијал како членови на општествата.  Ова ќе биде утврдено од начинот на кој светот ги презема и унапредува достигнувањата и од тоа како ги адресира недостатоците на ICPD до денес.

Full review

Состојба на светското население во 2018 година

Публикација

Повеќето луѓе, до неодамна, имаа големи семејства – просечно по пет деца. Денес има многу различни стапки на фертилитет, споредбено со порано кога имаше само една, глобална стапка, а овие разлики се поголеми од кога и да е во човековата историја.

Full review

Намалување на бројноста на населението во Источна Европа

Публикација

Во неколку држави во Источна Европа, бројноста на населението се намалува. Десетте држави во светот, каде намалувањето на населението се одвива најбргу, се наоѓаат во Централна и Источна Европа. Владите се загрижени за негативното влијание што намалувањето и стареењето на населението го имаат врз економијата, социјалните системи, инфраструктурата, па дури и националната безбедност.

Full review

Исполнување на потенцијалот на сегашните и идни генерации

Публикација

Откако се разгледа Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД) после 2014 година и се усвои Краткиот преглед од 2013 година, пред пет години, УНЕЦЕ и УНФПА соработуваат за да известат за напредокот и предизвиците со кои се соочуваат државите-членки во процесот на спроведување на препораките од овој документ.

Извештајот ги потенцира клучните трендови во популациските и развојни политики во регионот на УНЕЦЕ, дава преглед на постоечките решенија на заедничките проблеми и предлага препораки за активности со цел натамошен напредок на спроведувањето на Акциската програма на Меѓ- ународната конференција за население и развој (ICPD) во регионот.

Full review

Глобален годишен извештај на УНФПА за 2017

Публикација

Year on year, millions of women and adolescents in 155 countries and territories have been progressively able to exercise their sexual and reproductive health and rights. This is in no small measure as a result of UNFPA programmes and activities.

The UNFPA strategic plan for 2014-2017 set ambitious targets for increasing access to sexual and reproductive health services. These services have empowered millions of women to make their own decisions about whether, when or how often to become pregnant. They have enabled millions of teenagers to avoid unplanned pregnancy, and to make safe and healthy transitions to adulthood. And they have slowed the unnecessary and cruel tide of maternal death.

Full review

Вклучување на мажите во неплатената работа поврзана со грижа

Публикација

Неплатената работа поврзана со грижа честопати се смета за второстепено прашање, но тоа е една основните причини за нееднаквоста на жените. Исто така, ова е еден од клучните елементи во континуираната ниска стапка на родност во Источна Европа што ги тера жените да бираат меѓу тоа дали да имаат деца или да градат кариера.

Full review

Pages